poplavi

08.05.2023 Скопје

Источната кинеска провинција Џиангси е погодена од поплави предизвикани од бурните дождови, кои предизвикаа евакуација на околу 14.000 луѓе досега.

На 497.000 луѓе им се закануваат поплави во седум области во покраината, соопшти Канцеларијата за вонредни ситуации во таа покраина.

Националниот штаб за борба против поплави и суши испрати работна група во провинцијата Џиангси за да управува со спасувачките операции.

Во Џиангсу се испратени и неколку спасувачки тимови, вклучително и оние од војската и полицијата.

Поплавени се околу 67.700 хектари под посеви, а директната штета надмина 75 милиони американски долари, соопштија локалните власти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author