nevreme srbija 111

26.05.2023 Скопје

Невремето што го зафати Белград во текот на вчерашниот ден во некои делови од градот предизвика проблеми во сообраќајот поради поплавените улици.

Врнежите што паднаа во Белград поплавија одредени сообраќајници во градот, како што се Бранков Мост, улицата Сараевска, улиците на падината Чукарица.

Дождот најпрвин почна да врне во Нов Белград, Вождовац, Палило и другите градски општини. Попладне променливо и нестабилно време со локален дожд и грмежи ја зафати западна и централна Србија, соопшти РЗМЗ.

Како што претходно најавија од РЗМЗ до крајот на месецот, променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи, кои локално може да бидат поизразени со појава на град и со големи врнежи за кратко време.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author