Image by Drazen Zigic on Freepik

08.05.2023 Скопје

Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР, изјави дека во сите училишта во Србија од 8 часот до завршување на наставата ќе бидат присутни полициски службеници кои превентивно ќе делуваат.

Стевандиќ рече дека во текот на оваа година МУП ќе вработи 1.200 нови полицајци.

„Од осум часот, пред почетокот на наставата, во сите училишта во Србија, од кои има околу 1.800, до крајот на наставата ќе бидат присутни полициски службеници кои превентивно ќе делуваат за да се спречат прекршоци и да се спречи нивното извршување“, изјави Стевандиќ.

Со ангажирање на дополнителни 1.200 полицајци, вели, ќе се обезбеди секое училиште да има полицаец кој ќе се грижи за безбедноста на учениците и вработените.

„Посебен акцент ќе ставиме на учениците во сообраќајот во училишните зони, како и на откривањето на огнено оружје и психоактивни супстанции“, рече Стевандиќ.

Тој нагласи дека освен во училишните зони, во наредниот период ќе се зголеми ангажманот на полициски службеници на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани – на плоштади, улици, железнички и автобуски станици, спортски настани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author