16.05.2023 Скопје
Минатата недела овогодинешната „Евровизија“ се одржа во Велика Британија, а победата во големото финале ја освои Лорин од Шведска, со песната „Тетоважа“.
Ова е втор евровизиски триумф на Лорин, откако во 2012 година го освои првото место со песната „Еуфорија“.
„Евровизија“ заврши пред два дена, но страстите се уште не стивнуваат, а најголемата полемика е околу гласањето.
Навивачите ширум светот веруваат дека стручното жири и помогнало на Швеѓанката да победи, од кои добила 340 поени и така ја донеле на тронот. Поточно, жирито од дури 15 земји и додели најголем број поени на Лорин, додека кога се работеше за публиката беше сосема поинаква ситуација. Имено, таа не доби 12 поени од публиката од ниту една земја.
Евентуално фаворизирање кон шведскиот претставник, како поранешен победник, иницираше и петиција за укинување на стручното жири на претстојната „Евровизија“ при гласањето, на кое досега се потпишале над 10.000 луѓе.
По Лорин, жирито најмногу поени и додели на Израелецот Ноа Кирел, кој настапи со песната „Еднорог“, поточно 177. Финецот Карија, чија победа многумина ја посакуваа, од жирито доби „само“ 150 поени. Публиката му даде дури 376 поени, додека Лорин доби многу помалку, 243 поени од публиката, со што стана апсолутен миленик на публиката.
Со оглед на тоа што јавноста, особено минатата година, ја доведе во прашање најдобрата песна, кога победи Украина, во петицијата сега се наведува причината поради која се сака да се укине жирито. Беше посочено дека петицијата е започната поради гласовите што жирито и ги додели на Шведска на годинешниот Евросонг, а кои не се во согласност со поширокото јавно мислење.
Подготвено од А.Ѓ.