15.05.2023 Скопје
Сите знаеме кои се најчестите симптоми на дијабетес, меѓутоа, експертите тврдат дека има нови симптоми кои можат да откријат голем проблем.
Дијабетесот е сериозна болест со која многу луѓе се среќаваат во текот на нивниот живот. Некои од најчестите симптоми кои укажуваат дека личноста има проблем со дијабетес се често мокрење, замор и невообичаени промени на кожата.
Сепак, експертите тврдат дека постојат и други симптоми кои укажуваат на тоа дека имате проблем со дијабетес. Овие симптоми се наоѓаат во устата.
Дијабетес тип 2
Дијабетесот тип 2 е се почеста болест ширум светот и е поврзана со различни фактори како прекумерна тежина и недостаток на физичка активност. Затоа, не е лошо да ги проверите симптомите кои укажуваат на тоа дали боледувате од дијабетес, за навреме да започнете со лекување.
„Дијабетесот е медицинска состојба во која телото не може да го контролира нивото на шеќер во крвта. Високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до зголемување на шеќерот во плунката, што може да ги оштети вашите заби и непца“, објасни стоматологот Аманда Шихан.
Подготвено од А.Ѓ.