16.05.2023 Скопје
Една нигериска готвачка поминала 100 часа подготвувајќи оброци без престан, со цел да постави нов Гинисов рекорд за најдолга сесија на готвење од поединец.
Хилда Баси, готвачка во мега градот Лагос, ја плени земјата со своето маратонско готвење, кое започна во четвртокот, а заврши во понеделникот вечерта.
Претседателот Мухамаду Бухари и неколку политичари и познати личности и честитаа на Баси, додека навивачките поддржувачи кампуваа пред центарот за настани за да бидат сведоци на 27-годишната готвачка како подготвува мешавина од локални и странски јадења, од ориз до тестенини и акар, кои се направени од брашно од грав.
Сегашниот рекорд за најдолго готвење професионална готвачка од Индија, Лата Тондон, која постави време од 87 часа и 45 минути во 2019 година.
Времето на Баси ќе треба да биде потврдено од претставници на Гинисовиот рекорд пред да може да се официјализира.
Подготвено од А.Ѓ.