pliva izlevanje 111

16.05.2023 Скопје

Во месноста Језера реката Плива и нејзините притоки се излеале од коритата, а сообраќајот е во прекин во еден дел од оваа општина.

Како што рече Снежана Ружичиќ, градоначалничката на Језера, поплавена е улицата 21 Ноември од Клиниката за семејна медицина до куќата на Јанко Алексиќ, а штабот за вонредни состојби на општината донел одлука за прекин на сообраќајот на таа делница.

„Штабот за вонредни ситуации на општина Језеро со висок степен на внимание и подготвеност ја следи состојбата на терен заедно со припадниците на полициската станица Језеро. Апелираме до населението будно да ја следи новонастанатата состојба и со зголемен степен на претпазливост“, изјави Ружичиќ на социјалните мрежи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author