francuska policija

02.05.2023 Скопје

Познатата златарница Булгари на плоштадот Вандом била ограбена од тројца мажи во саботата, сред бел ден, а според сопственикот на златарницата, штетата изнесува неколку милион евра.

Се уште се трага по тројца осомничени. Истрагата ја отвори париското обвинителство. Полицијата не ја исклучува можноста грабежот да го извршиле познати разбојници од „Источна Европа“, алудирајќи на Пинк Пантери.

Имено, во саботата, во 13 часот и 42 минути, тројца мажи, облечени во црно, со шлемови за лице, полициски ленти околу рацете и тешко вооружени (пиштол, митралез и секири), пристигнале со два мотоцикли пред златарницата Булгари, во срцето на Париз на познатото место Вандом.

Најпрво моторцикл двапати удрил во влезната врата од продавницата, по што двајца од тројцата разбојници влегле во продавницата и со задникот го удриле чуварот во главата. Подоцна, повредениот работник од обезбедувањето бил згрижен од итната помош.

Во тие моменти третиот разбојник останува пред продавницата и со пушка во рацете чува стража. Внатре во продавницата, мажите се сами на приземјето, бидејќи вработените свесни за ситуацијата се засолниле во подрумот и на првиот кат. Разбојник со огнено оружје пред продавница дури и ладнокрвно им рекол на минувачите дека мораат да ја преминат улицата кога се приближуваат до златарницата.

Откако набрзина, според сведоците им била потребна само околу една минута, да украдат накит кршејќи ги витрините, мажите побегнале. Сцената поминала брзо и мирно, вели Жилијен Барте, сведок кој во моментот на настанот бил во продавницата од другата страна на улицата.

Француските медиуми јавуваат дека не е исклучено овој грабеж да го извршила позната српско-црногорска група, наречена Пинк Пантери.

„Пинк Пантери“ извршија некои претходни грабежи многу брзо и ладнокрвно без жртви. Експертите велат дека постои можност овој накит да се стопи, а се споменуваат три адреси: Антверпен, Тел Авив и Москва.

Ова не е првпат да се случи грабеж во оваа продавница на Place Vendôme. Претходниот беше на 7 септември 2021 година, вооружени криминалци со качулки украдоа плен проценет на 10 милиони евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author