франце

04.05.2023 Скопје

Францускиот Уставен совет го отфрли последниот обид на опозицијата да ја поништи владината реформа на пензискиот систем, со која старосната граница за пензионирање се поместува од 62 на 64 години, преку барање за распишување референдум.

Оваа одлука предизвика масовни протести низ Франција.

Уставниот совет, кој е највисокиот орган во Франција кој се занимава со уставноста на прописите, е вторпат да ги отфрли обидите на опозицијата да го задржи старото законско решение за старосната граница за пензионирање.

Дури и да помине новиот предлог на опозицијата, ќе има долг процес за негово спроведување и нема да го одложи стапувањето во сила на реформскиот закон што го турка претседателот Емануел Макрон.

Советот утврди дека темата на опозицискиот предлог не е неопходна „реформа во однос на социјалната политика и затоа судиите сметаат дека таа ги исполнува условите“ утврдени со Уставот на Франција.

Опозициските пратеници, главно левичари, сакаа да започнат сложен процес за ревизија на законот со надеж дека тоа ќе доведе до отфрлање на исклучително непопуларната пензиска реформа на Макрон, која беше усвоена минатиот месец и покрај огромните протести во земјата.

Со предлогот се бараше распишување референдум, а работа на Уставниот совет беше да утврди дали се исполнети законските услови за негово одржување. Доколку одговорот беше позитивен, опозицијата ќе имаше девет месеци да собере доволно гласови за распишување референдум, што е 4,8 милиони гласови или 10 отсто од регистрираните гласачи во Франција.

Дури и да се случи тоа, владата на Макрон би можела да избере дали предлогот на опозицијата ќе го претстави пред пратениците на дебата и евентуално гласање или да чека шест месеци за да го достави текстот на референдум.

Макрон, сепак, би можел да ја спроведе контроверзната реформа што го заобиколи парламентот бидејќи за тоа ја искористи специјалната уставна моќ на владата.

Сличен предлог опозицијата веќе достави до Уставниот совет, со исклучок што сега го промени текстот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author