18.05.2023 Скопје
Во соопштение од страна на МВР стои дека полицијата во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера извршила контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар.
При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија, стои во сооштението на МВР.
Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Подготвено од М.Н.