11.05.2023 Скопје
Кошаркарите на Партизан не успеаја да се пласираат на Фајнл-фор турнирот во Евролигата, бидејќи вчеравечер загубија од Реал во Мадрид со 98:94 во петтиот натпревар од четврт-финалето на плејофот на најквалитетното европско клупско натпреварување.
Во четвртини беше 22:23, 17:32, 28:21, 30:21.
Во тимот на Партизан најефикасен беше Пантер со 28 поени, Ексум постигна 16 поени, Лесор 13, а Папапетра 10.
Муса беше најефикасен кај Реал со 20 поени, а клучен човек на играта беше Серхио Родригез, кој постигна 19 поени. Од нив 13 постигна во последната четвртина. Хезоња го заврши натпреварот со 13 поени, а Тавареш со 12.
Избраниците на тренерот Жељко Обрадовиќ одлично влегоа во натпреварот и во еден момент имаа и 18 поени предност, но во вториот дел прокоцкаа се и ја загубија мајсторката во Мадрид.
Реал помина со серија од 3:2, иако мадридскиот клуб губеше со 2:0.
Мадрид во полуфиналето ќе игра со лутиот ривал Барселона, додека во другото полуфинале ќе се сретнат Монако и Олимпијакос.
Вчеравечер белградците пропуштија одлична можност, откако на почетокот од вториот дел имаа 59:41, но со серија грешки и лоши решенија во нападот му дозволија на Реал да го сврти резултатот и да оствари победа.
Завршниот турнир во Евролигата е закажан за 19-21 мај во Каунас.
Подготвено од А.Ѓ.