11.05.2023 Скопје
Кошаркарот на Партизан, Кевин Пантер, го собори рекордот во Евролигата по последователни слободни фрлања.
На овој натпревар стигна до 59 поврзани слободни фрлања и со тоа стана апсолутен рекордер на Евролигата.
Пантер на тој начин го собори рекордот на поранешниот српски репрезентативец Игор Ракочевиќ.
Ракочевиќ го држеше рекордот во Евролигата со 58 последователни слободни фрлања во 2008 година, но на тоа сега му дојде крајот.
За потсетување, во тек е петтиот натпревар од плејофот на Евролигата помеѓу Реал Мадрид и Партизан, а победникот ќе учествува на фајнл-форот во Евролигата што се одржува во Каунас.
Подготвено од А.Ѓ.