https://www.facebook.com/photo/?fbid=699328852196805&set=pb.100063590900844.-2207520000.

15.05.2023 Скопје

На вчерашните локални избори кои се одржаа во Албанија, довербата да биде прв човек на општина Пустец жителите повторно му ја доверија на Пали Колефски, кој и во изминатите четири години беше на чело на општината.

Според првичните информации, за Колефски гласале 63,8 отсто, додека за неговиот противкандидат Панди Јани 36, 2 отсто.

Пали Андон Колефски (43) на изборите беше кандидат на Социјалистичката партија, поддржан од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), додека пак неговиот противкандидат Панди Таќо Јани (31) беше кандидат на Партијата на слободата која ја предводи опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“.

Колефски во своја објава на социјалната мрежа Фејзбук се заблагодари на жителите и порача дека „Преспа ќе продолжи да живее” бидејќи жителите на општина Пустец го избрале најдоброто.

Подготвено од М.Н.

About Author