04.05.2023 Скопје
Конечно го добивме, првиот автомобил со екран однадвор.
Истиот е потпишан од General Motors, а неговото целосно име е моделот Baojun Yep. Електричниот автомобил е создаден во партнерство зад SAIC-GM-Wuling, а беше претставен уште во февруари. Сепак, сега доби додаток што предизвика интерес низ целиот свет.
Новите официјални фотографии од овој пресладок електричен мини кросовер откриваат нов детал. Покрај тоа што е првиот електричен автомобил во класата на минијатурни модели kei со опција за возило за испорака, Yep е и првиот што доби интерактивен екран одзади.
Се вели дека е инспириран од паметните часовници, па оттука и името Car-Watch. Станува збор за интерактивен модул сместен помеѓу задните светла, а долу е панел со димензии 1050 mm x 260 mm што симулира лента за часовник. Форматот го следи дизајнот на Apple Watch, а има димензии од 300 x 256 mm.
Car Watch е наменет првенствено за помлади сопственици кои се и активни корисници на социјалните мрежи. Покрај разновидна графика и текст, на екранот може да се проектира и видео материјал, со што ќе се овозможи комуникација со минувачите.
Внатрешноста на возилото се уште не е откриена, а првите примероци на патиштата би требало да пристигнат во јуни. Ваквите возила со минијатурни димензии, со не премногу моќен погон и со малку скромен капацитет на батеријата, се исклучително популарни во Кина, пред се поради нивната многу пристапна цена.
Како еден од најевтините модели во Кина, минијатурата на Wuling е на самиот врв на листата на најпопуларни модели.
Подготвено од А.Ѓ.