https://www.facebook.com/photo/?fbid=820159252798731&set=pb.100044139924327.-2207520000.

25.05.2023 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со српскиот прв вицепремиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Белград, разговараше за главните приоритети на Република Северна Македонија како претседатвач со ОБСЕ.

Помирувањето, градењето доверба и борбата против корупцијата, заедно со решавањето на безбедносните предизвици од климатските промени низ регионален пристап, се главните приоритети за Западен Балкан и ОБСЕ, истакна Османи.

Османи, исто така изразил почит кон Мисијата на ОБСЕ во Србија, која обезбедува поддршка на државата во градење силни, независни, одговорни и ефикасни демократски институции, и дека состојбата во моментов бара колективно, одговорно одлучување, повеќе од кога било, како и задолжително зголемување на напорите за ефективен мултилатерализам, со цел воспоставување на мир и соработка, соопштија од МНР.

Османи најавил дека посетата на Србија ќе ја продолжи во духот на мотото на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ „За луѓето се работи“ и ќе има средби со претставници на граѓанскиот сектор, како и посета на теренската канцеларија на ОБСЕ во Бујановац, каде што ќе се сретне со млади луѓе од различни заедници за да ја нагласи клучната улога на младите во трансформацијата на општеството и градењето стабилна, инклузивна и просперитетна иднина за регионот.

Османи исто така изразил силна поддршка од ОБСЕ за дијалогот Белград-Приштина, посредуван од ЕУ, а во тој контекст упатил на важноста на состанокот што се одржа во Охрид со што дополнително се отвори патот за нормализирање на односите меѓу двете држави.

Подготвено од М.Н.

About Author