30.05.2023 Скопје
Надуеноста е многу чест проблем предизвикан од запек или вишок гасови, па затоа е важно која храна ја користите во исхраната.
Постојат многу намирници кои помагаат при надуеност преку промовирање на правилна функција на цревата, спречување на задржување течности и подобрување на целокупното здравје на цревата. Надуеноста е многу чест проблем предизвикан од запек или вишок гасови, па затоа е важно која храна ја користите во исхраната.
Она што го консумирате секој ден во голема мера влијае на работата на вашите црева и дигестивниот систем. Ова се намирниците кои ќе ви помогнат да се ослободите од надуеноста.
Бананите се одлични за луѓе кои се подуени. Содржат витамини А, Б6, Ц и Е, а содржат и калиум, магнезиум, калциум, фосфор и селен. Додека не созреат содржат голем број на пробиотски влакна, поради што се добри за јадење. Можете дури и да ги додадете во некои рецепти.
Целерот е многу здрав и нискокалоричен. Богат е со натриум и витамин А. Покрај тоа, содржи витамини Ц, Е и К, а бидејќи содржи многу влакна, одличен е како таканаречен чистач на телото и има диуретично дејство.
Оброците кои вклучуваат домати ќе ве наполнат со ликопен, антиоксиданс кој има антиинфламаторно дејство низ телото. Исто така, доматите се полни со калиум, кој го намалува нивото на натриум што предизвикува надуеност во вашето тело.
Одредени студии велат дека консумирањето кефир ги отстранува гасовите од желудникот за дури 70 проценти. Кефирот помага во разградувањето на шеќерот во млекото што може да доведе до надуеност и болка. Затоа, кефирот е многу подобра опција од јогуртот.
Ѓумбирот има лут вкус, па многу луѓе го избегнуваат. Сепак, токму овој зачинет вкус ги поттикнува цревата во движење. Ова го помага вашето варење и побрзо празнење на вашиот стомак, што на крајот ја ублажува надуеноста. Неговата предност е што можете да ја комбинирате во слатки и солени оброци.
Подготвено од А.Ѓ.