https://www.facebook.com/komunaeharacines/photos/a.133731579128384/153003417201200

26.05.2023 Скопје

Поради закани кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, општината во текот на вчерашниот ден ги заклучи своите врати поради „безбедносни причини“.

Според пријавата на Ибраими, додека тој не бил присутен во општинската зграда, Р.А. пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот, а во врска со предмет за доделување на користење на земјиште.

Општинаската информативна служба информира дека сè додека не се донесе нова одлука, управата во Арачиново нема да работи.

„Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но една ваква мерка е главно за безбедноста на вработените во општинската администрација, но и граѓаните кои се обраќаат до општината. Како што можевте да се информиравте и од медиумите, вторпат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот, па ваква одлука беше неизбежна“, соопштија од Општина Арачиново.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека веќе се преземени мерки во согласност со насоките кои ги даде Јавното обвинителство и ќе бидат поднесени пријави. Но, тој порача и дека ваквите конфликти треба да се решат меѓусебно и не смеат негативно да се одразуваат на граѓаните.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author