https://www.flickr.com/photos/30330294@N05/4177723584/in/photolist-7naVEY-oCAohD-6VwdCj-JQzyhX-a4v96o-XQKiSy-eQaf3x-4LE9FU-dtk5Zi-VYpYTt-4Gmjuv-9CKDNS-8fFEYC-8yLmVb-AtfdZQ-25hkNop-2QTDzs-6bJvUJ-TTxV8a-MbYG-pjHkCi-34Lf9E-29YwjN-5vUY9-2mbGXnk-2mD9PuH-TLVdTN-2jnwdwL-2kFaxCQ-2mBJrfE-24DnETH-23jEknp-2gKoiin-6f7rZA-2kxqmPd-2iJAcVg-2maDg7g-87FqY5-JVr2PH-YCeUZs-Pu3QeN-2mRKBxC-2nUF7Bt-291nZ3C-QraLib-2irwi2c-Q6SWWM-2nrmBG6-2n5vjX8-Z9ioFs

18.05.2023 Скопје

Министерството за индустрија на Шпанија соопшти дека околу 40 компании се имаат пријавено за пилот-програмата на шпанската влада, која на компаниите им нуди финансиски средства за тестирање на четиридневната недела.

Тие компании вработуваат 503 работници и аплицирале за 2,8 милиони евра помош, додека целиот буџет за оваа пилот програма изнесува 9,6 милиони евра.

И покрај помалиот број учесници, двегодишната програма сепак ќе и овозможи на владата да ги анализира нивоата на продуктивност.

Сличен проект беше актуелен и во Велика Британија, каде што вработените во 61 компанија во просек работеа по 34 часа за четири дена.

Проектот траеше од јуни до декември 2022 година и беше најголемиот експеримент во светот за скратување на работната недела.

Повеќето компании кои учествуваа во истражувањето решија да продолжат со четиридневната работна недела.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author