https://www.flickr.com/photos/mchicco/15844218866/in/photolist-q96Lgm-pbD181-dzaASR-4B9D9q-5mAv48-6puz9Z-6Kg5dP-dNLeRq-5mEJBJ-5pCWHE-nXcBYY-5Vzgtz-8TS7Wn-TbcPT1-RQWfGS-2dKdAbA-fmbTy3-T3qNcT-RTBXaV-21MVszP-u1L2S-e1NwVp-u1L2R-6Ef1gU-238Akrg-6A8kdb-21MVsuP-21MVsAa-u1L2P-b6wMY-c9zVmq-5y8jaE-oXGX5f-5TNtK-2mzEJWg-3k4oYG-dcW8ry-EZVrj3-2NoA7g-dNLePw-6Ty4LJ-6sLxJg-6Ty4Mj-6EaR5H-238Aknt-21MVsHp-u5JCE-cXVNxq-6sLxFn-6Ef1eE

30.05.2023 Скопје

КФОР соопшти дека околу 25 припадници на таа воена мисија биле повредени во Звечан, при судир со граѓани кои протестирале против влегувањето на новиот албански градоначалник во општинската зграда.

Во соопштението, КФОР наведува дека неговите единици се распоредени во четири општини на северот на Косово и Метохија со цел да ги ограничат, како што тврди, насилните демонстрации што се случија откако новите албански градоначалници се обидоа да стапат на функција.

Во таа мисија се наведува дека повеќе војници на италијанскиот и унгарскиот контингент на КФОР биле цел на, како што тврди мисијата, неиспровоцирани напади и се здобиле со повреди со скршеници и изгореници поради експлозија на запаливи средства.

Како што се наведува, веднаш биле згрижени од медицинските единици на КФОР и во моментов се под надзор на медицински персонал кој ја проценува нивната состојба.

Командантот на КФОР, Анѓело Микеле Ристуќа, лично го следи развојот на ситуацијата, наведува КФОР.

Тој посочи дека неиспровоцираните напади врз единиците на НАТО се неприфатливи и дека КФОР ќе продолжи непристрасно да го извршува својот мандат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author