okean

05.05.2023 Скопје

Еколозите предупредуваат дека океаните стануваат се потопли, а во последните месеци тој тренд стана застрашувачки.

Според податоците кои ги анализирал Институтот за климатски промени на Американскиот универзитет во Мејн, дневната температура на површината на океанот во април оваа година „соборила“ историски рекорди и била највисока во последните 40 години.

Физичарот и експерт за климатски промени Роберт Роди посочува дека во последниот месец дневниот индекс е континуирано повисок од кога било досега.

Биогеохемичарот Јенс Терхар предупредува дека ова е само почеток.

Студијата објавена во научни списанија открива дека Земјата акумулирала речиси исто толку топлина во изминатите 15 години како и во 45-те години пред тоа.

Научниците сè уште не знаат зошто океаните се загреваат толку брзо.

Засега никој од експертите не дава прогнози какви ќе бидат последиците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author