SELO BRIENC 1

10.05.2023 Скопје

На жителите на малото швајцарско село Бриенц им било кажано да ги спакуваат куферите и веднаш да ја напуштат областа бидејќи се очекува два милиони кубни метри карпа да паднат од планината над селото во долината во следните неколку дена.

Оваа наредба за евакуација не го изненади преостанатото население од околу 70 луѓе, бидејќи Бриенц, во источниот кантон Граубунден, веќе некое време се смета за геолошка опасност.

Селото е изградено на земјиште кое се спушта до долината, поради што црковната кула е навалена и на зградите се појавуваат големи пукнатини. Се работеше на обидот да се стабилизира оваа област и да се забави лизгањето. Меѓутоа, планината над Бриенц во меѓувреме почнала да се распаѓа.

Жителите веќе се навикнаа на прилично големи камења кои се спуштаат во нивните градини, а геолозите предупредија дека движењето на карпите се забрзува. Дел од карпата, наречен „остров“, се лизгаше со брзина од 32 метри секоја година до 2023 година.

Сепак, ниту еден од преостанатите жители не очекуваше дека толку брзо ќе мора да го напушти својот дом.

Властите предупредија на можна евакуација кон крајот на летото, а редовен состанок во селото е закажан за крајот на оваа недела за сите да бидат информирани.

Наместо тоа, откако најновите проценки на ризикот покажаа дека лизгање на земјиштето е неизбежно, наредбата за евакуација на областа дојде ненадејно во вторникот наутро. Сега никој нема да смее да влезе во селото, а сите жители мора да излезат до петок.

Селаните се надеваат и очекуваат да се вратат во своите домови. Проблемот е што не знаат дали се уште ќе бидат на истото место.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author