01.05.2023 Скопје
Од денеска до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година.
Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи, а потоа се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.
Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи.
Детето, исто така може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
Подготвено од М.Н.