https://www.flickr.com/photos/achillifamily/10386609646/in/photolist-gPQ6bE-4zr8LP-4zvp7m-4zvokf-rVc7rD-cTcLBb-4zvnVj-4zr8GD-4zvoTu-4zr8Px-4zvoyE-4zvooU-4zr8B6-4zvorL-6Snvxp-aQby4H-FuDHoL-6QJJPA-229GHuh-ULxD3-ULxBJ-2kb7Jke-aQbWhn-dDqVY-C84iJx-BhWHDR-BhJURq-PWK4BF-CfkfEg-6fi5D6-CfjSxF-2dCpwPf-BNcwyY-C5JQ7h-BhWhiv-s6rA4v-C4STp3-CfiXhH-C84gta-7KGujr-C5LjM1-pc2pPc-DpYP85-Cd1XWL-C833pg-2hGRSTp-wF6YBo-9KHUtA-5HDVFD-C5KWsS

02.05.2023 Скопје

Поради внатрешна истрага за кражба на храна наменета за гладните, светската програма за храна на ОН ја прекина испораката на храна во северна Етиопија, каде повеќе од пет милиони луѓе во тој регион, каде живеат околу шест милиони, зависат од помош.

Минатиот месец американски медиуми соопштија дека агенцијата за храна на ОН истражува случаи на проневера и пренасочување на хуманитарна помош во Етиопија, каде на 20 милиони луѓе им е потребна помош поради катастрофалната суша и конфликти.

Светската програма за храна ги известила своите партнери на 20 април дека привремено ја прекинува испораката на храна за Тиграј поради извештаи за проневера, соопштиле четворица хуманитарни работници кои побарале да бидат анонимни бидејќи не биле овластени да разговараат со новинарите на оваа тема.

Подготвено од М.Н.

About Author