ти так

09.05.2023 Скопје

НУ Турски Театар вечерва (9 мај) во 20:00 часот премиерно ќе ја изведе претставата „ТИК-ТАК“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов работена според мотивите на Лорен Бафој и Висенте Вилануева.

Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија со проекција на превод на македонски јазик.

Сценографијата ја изработи Илина Ангеловска, костимографија е дело на Александар Ношпал. Улогите ги толкуваат: Селпин Керим, Осман Али, Неат Али, Несрин Таир, Ебру Мусли, Филиз Ахмет, Бурханедин Ибрахим.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author