19.05.2023 Скопје
Во текот на денешниот ден ќе започне полагањето заклетва на новите градоначалници на четири општини на северот на Косово, пренесуваат тамошните медиуми.
Медиумите во Косово известија дека прв заклетва ќе даде членот на движењето Самоопределување и нов градоначалник на Северна Митровица, Ерден Атиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ситуацијата на северот е многу тензична и додаде дека „лажните градоначалници никогаш нема да бидат прифатени“
Претседателот на Собранието на Општина Северна Митровица, Неџат Угљанин, пак, истакна дека подготовките за положување заклетва на новиот градоначалник Ердан Атиќ се во завршна фаза, додека од косовската полиција изјавија дека се подготвени инаугурацијата да помине без инцидент.
Подготвено од М.Н.