24.05.2023 Скопје
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон е повикан во полиција да даде своја изјава бидејќи повторно е обвинет за кршење на законите против Ковид-19.
Во неговиот министерски дневник е откриено дека Џонсон примал посети од некои пријатели во Чекерс (резиденцијата на премиерот) за време на пандемијата. Деталите за посетите на резиденцијата, ги пронашле неговите адвокати финансирани од владата додека ја подготвувале неговата одбрана за јавната истрага за пандемијата.
Адвокатите го покренаа ова прашање со високи претставници на Кабинетот, кои потоа го упатија предметот до полицијата, како што се бара од Кодексот за државни служби, а исто така и до Комитетот за привилегии, кој истражува дали Џонсон го лажел Долниот дом во врска со скандалот Партигејт, и забавите што се одржаа во Даунинг стрит во најкритичната фаза од пандемијата.
Подготвено од М.Н.