03.05.2023 Скопје
Властите на главниот гран на Украина соопштија дека Русија изврши трета серија ноќни напади врз Киев, наведувајќи дека противвоздушната одбрана ги соборила сите беспилотни летала кои биле истрелани кон Киев.
Според командата на воздухопловните сили на Украина, 21 од 26-те беспилотни летала Шахид од иранско производство, лансирани од Русија, биле уништени, но еден погодил зграда во областа Дњепропетровск.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.
Сирените за воздушен напад се слушаа во Киев и околните региони неколку часа во текот на ноќта.
Во текот на изминатата недела, Русија ги засили своите напади врз Украина пред очекуваната украинска контраофанзива, испраќајќи проектили речиси секоја ноќ кон Киев и на други места.
Подготвено од А.Ѓ.