https://www.flickr.com/photos/loannep75000/42954683520/in/photolist-28rKYTJ-8ky9pD-8kyf52-8kye1z-8kBn4m-8kycVM-8kBbVQ-8kBu8y-8kymKx-8kygin-8kBo9G-2JATq8-8fxfXu-dLCs6U-sddyeX-ef7USu-21aWsEm-bZQJzL-8kyo8T-8kyj3B-25Ev2n7-21nD2pp-b49fur-bY9nBo-f7sjDx-rs8AFm-2gyk7g9-eNaR7F-2j79hQb-xn4DFU-CfjWfe-NCCpef-kEhndo-2jLMqbM-26HEU6Y-buhzSb-29NQGEN-p3BQ1U-29yCman-oRHEvj-pQPYmD-2bYFazN-2kRrPcA-4tGwoC-iafeK-6yddZi-24jjG5i-orS1yk-rRtN88-LWeZPb

22.05.2023 Скопје

Со освоени над 40 отсто од гласовите, двојно повеќе од СИРИЗА, Нова демократија убедливо победи на парламентарните избори во Грција, но поради пропорционалниот модел не може да формира еднопартиска Влада, па поради тоа Грција ќе оди на втор круг избори.

Според официјалните податоци од Министерство за внатрешни работи на Грција на второто место СИРИЗА, трета е ПАСОК-Движење на промена, а потоа следат Комунистичката партија и Грчко решение.

Мицотакис доцна синоќа истакна дека со овој изборен резултат, кој го карактеризира како „политички земјотрес“, „надежта го победи песимизмот, а единството ја победи поделбата“ и порача дека Нова демократија доби одобрување од граѓаните, кои побараа еднопартиска и силна Влада.

Од друга страна, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас изјави дека изборниот резултат „е особено негативен за СИРИЗА“, додаде дека „битките имаат и победи и порази“, и истакна дека партиските органи ќе ги разгледаат и оценат изборните резултати со цел да се направат неопходните промени.

Вторите избори во Грција се очекува да бидат или на крајот на јуни или на почетокот на јули.

Подготвено од М.Н.

About Author