09.05.2023 Скопје
Во последно време на социјалните мрежи се почесто се среќаваат необични совети за слабеење. Така, неодамна се појави тренд во кој се препорачува во кафето да се додаде сок од лимон.
Сокот од лимон во кафето би требало да помогне во отстранувањето на масните наслаги, но и во намалувањето на ризикот од дијабетес. Иако комбинацијата на овие две состојки не е многу вкусна, таа стана исклучително популарна поради едноставната подготовка и достапноста на овие намирници.
За оваа комбинација се вели дека е и добар афродизијак, но нутриционистите истакнуваат дека не постои наука која ќе покаже дека овој пијалок има такви придобивки.
„Кафето и лимонот се богати извори на антиоксиданси. Сепак, нема значајни докази кои сугерираат дека додавањето лимон во кафето нуди дополнителни здравствени придобивки освен зголемувањето на внесот на антиоксиданси“, вели нутриционистот Кристал Скот.
Идејата дека овие две состојки во комбинација имаат различни придобивки потекнува од фактот дека пиењето црно кафе и лимонада без шеќер всушност ги стимулираат цревата.
Освен тоа, кафето содржи и кофеин кој го стимулира нервниот систем и дава енергија, а лимонот е богат со витамини, а често се користи како природен лек, особено за настинки и грип.
Подготвено од А.Ѓ.