08.05.2023 Скопје
Невремето со обилни врнежи и град, што во неделата го зафати источниот дел на Словенија, предизвика штети кај земјоделците и предизвика одрони.
Пожарникарите мораа да испумпуваат вода од станбени, деловни и други објекти, како и од игралишта, гробишта и спортски терени во дури 18 општини, соопштија надлежните.
Невремето прво ги зафати Похорје и Козјак, потоа Мислињска долина и Целје.
Најголеми штети се нанесени на овоштарниците и градинарските градини.
Во Габрски, во општина Трбовље, пожарникарите со фолија покриле околу илјада метри квадратни свлечиште кое им се заканувало на станбените згради, додека во Јуршинац расчистиле 200 метри коловоз и 200 метри квадратни двор.
Во Стрмац кај Свети Флорјан во општина Рогашка Слатина настана свлечиште кое делумно затрупа трактор паркиран до стопанска зграда.
Подготвено од А.Ѓ.