ustaa

11.05.2023 Скопје

Постојат многу симптоми кои укажуваат на дијабетес како често мокрење, замор, невообичаени промени на кожата и разни габични инфекции.

Сепак, експертите тврдат дека постојат и други симптоми кои укажуваат на тоа дека имате дијабетес, а тие се наоѓаат во устата.

Дијабетесот тип 2 е се почеста болест ширум светот и е поврзана со различни фактори како прекумерна тежина и недостаток на физичка активност. Затоа, не е лошо да ги проверите симптомите кои укажуваат на тоа дали боледувате од дијабетес, за навреме да започнете со лекување.

„Дијабетесот е медицинска состојба во која телото не може да го контролира нивото на шеќер во крвта. Високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до зголемен шеќер во плунка, што може да ги оштети вашите заби и непца“, објасни стоматологот Аманда Шихан.

Симптомите што ги спомнува се: црвени отечени непца кои повремено крварат, непца што се одвојуваат од забите, нишани заби, сува уста и лош здив кој останува и по миењето.

Болеста на непцата, позната и како гингивитис, е најчестиот орален здравствен проблем поврзан со дијабетес. Шихан наведува дека гингивитисот се развива кога на забите во близина на линијата на непцата се акумулира плакета и калкулус, што ги иритира и воспалението на непцата.

Луѓето кои живеат со оваа дијагноза имаат три пати поголеми шанси да имаат проблеми со непцата и забите.

Меѓутоа, доколку реагирате на време, можно е да се зачува оралното здравје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author