francija zdravstveni rabotnici

02.05.2023 Скопје

Во Франција, здравствениот персонал кој не е вакциниран против Ковид-19 ќе биде вратен на работа од средината на мај.

Ова го изјави министерот за здравство Франсоа Браун при посетата на одделот Марна.

Министерот за здравство на Франција истакнал дека во последните недели ги собирал податоците за невакцинираниот персонал и донел одлука дека тој персонал веќе треба да се врати на извршување на најважната функција во државата.

Во Франција, обврската за вакцини за здравствениот персонал започна на крајот на 2021 година и зафати 2,7 милиони луѓе.

Подготвено од М.Н.

About Author