https://www.flickr.com/photos/douglastofoli/28978174032/in/photolist-L9GHyd-ySCpgb-JCJLP4-zCGKUi-uDCaDs-8mCA9t-raymDa-JxpSwX-4edc7f-8tiP29-E9FGEu-zTwW3D-MjpEuJ-jdJab1-MG5GuJ-eg3HvE-NjuUNh-MnY9dR-LQYmua-NZinfg-qt5xkX-LehiY5-L2gQjh-wD9iAG-cwjrzd-JXf2gX-tK4eLk-yb15bh-KuLFwS-CjnZx6-JUWNmB-K8AtTM-KNQ1Sh-ABDAax-jqfjkX-bccxdz-AXyiAv-dToDMa-yupyAG-PwRfqk-KbDfH3-QcJSnn-4qTAHY-KhS4Be-p5Aade-oNne2A-p5Rym2-p3Pze1-Jr3mif-L2VV8z

30.05.2023 Скопје

Финското воено воздухопловство соопшти дека од денес започнуваат големи воени вежби во кои ќе учествуваат околу 150 борбени авиони од западните земји.

Во вежбата која ќе трае до 9 јуни ќе учествуваат авиони Ф-35 од САД и неколку европски земји, француски авиони Рафал и Мираж, дански и холандски Ф-16, фински и швајцарски Ф-18 и шведски грипенс.

Вежбата се совпаѓа со состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло кој се одржа во недела, како и со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Финска во четврток и петок.

Авионите кои ќе бидат дел од оваа вежба, ќе бидат стационирани во северна Норвешка, Шведска и Финска, како и во финската база Пиркала-Тампера.

Подготвено од М.Н.

About Author