https://www.facebook.com/photo.php?fbid=320148190154226&set=pb.100064771413898.-2207520000.&type=3

31.05.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата испрати дополнителни 700 војници на Косово и Метохија, а уште еден баталјон ќе биде ставен во готовност.

На заедничката прес-конференција со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, Столтенберг објасни дека КФОР „ќе ги преземе неопходните чекори за нормализирање и обезбедување безбедност“.

Генералниот секретар на НАТО ги повика Белград и Приштина да преземат мерки за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата.

„И Приштина и Белград мора да преземат конкретни чекори за деескалација на ситуацијата, да се воздржат од понатамошно неодговорно однесување и да се вклучат во дијалог, со поддршка на ЕУ, што е единствениот начин за траен мир“, рече тој.

Тој посочи дека „ваквите напади се неприфатливи и мора да престанат“.

„КФОР, силите на НАТО, ќе ги преземе сите неопходни активности за одржување на безбедна средина за сите граѓани на Косово и ќе продолжи да дејствува непристрасно, во согласност со нашиот мандат на Обединетите нации“, рече Столтенберг.

Во понеделникот во Звечан дошло до конфликт меѓу припадници на КФОР и косовската полиција и граѓани, при што биле повредени повеќе од 50 Срби и околу 25 припадници на КФОР.

Косовската полиција во петокот насилно упадна во општинските згради во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, употребувајќи солзавец, чад и шок бомби против Србите кои се обидоа да ги спречат да влезат во општинските простории.

Неколку Срби беа повредени, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив ги внесе градоначалниците Албанци.

Градоначалниците на четири општини во северниот дел на Република Косово – Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ – беа избрани на изборите што беа бојкотирани од Србите, откако тие ги напуштија институциите на Приштина во ноември минатата година поради прекршување од страна на Приштина на Бриселскиот договор, упадот на специјалните единици на косовската полиција на северот од покраината и постојаните незаконски апсења на Срби.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author