https://www.flickr.com/photos/natochannel/3726031869/in/photolist-4oacFc-2iFFbPW-4oacFB-2nTyatc-77VWUi-4oegB3-6FfTsM-2mTS54x-kEn5ib-9m2PMf-2o1fZN4-2jJzfTV-2fks3YW-2kKkBKt-e8UCYC-4oegCu-fviR7u-4oacEn-2nmyjd9-4oacDX-4qzkj1-8LNuMH-cvrhbd-cQAe3Y-77VWE2-2hTtNV3-SFutwh-2iAqekG-nVhF6Y-2hUs3AB-dZCAP4-N2sv3z-dAsu6t-KuzPGW-s2AoJ4-2mZa9sr-p5ruQ8-8bKY5V-2iwAQGs-25gTZ6k-61bfXU-2aWNuGu-2jGGdEy-TBaw58-ap653h-iuy2Kw-2nwKxT5-2hUD94J-2kKx561-bpUh9a

30.05.2023 Скопје

НАТО остро ги осуди „неиспровоцираните напади врз припадниците на КФОР“ на северот на Косово и Метохија, како резултат на кои одреден број од нив беа повредени.

„НАТО силно ги осудува неиспровоцираните напади врз припадниците на КФОР на северот на Косово, кои резултираа со повреди на голем број од нив. Ваквите напади се целосно неприфатливи. Насилството мора веднаш да престане“, се наведува во соопштението на Алијансата.

НАТО ги повика сите страни да се вклучат во дијалог и да се воздржат од активности кои дополнително ги поттикнуваат тензиите.

„КФОР ќе ги преземе сите неопходни активности за одржување на безбедна средина и ќе продолжи да дејствува непристрасно, во согласност со својот мандат според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година“, се додава во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author