https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3104750806441941&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

12.05.2023 Скопје

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) го одби барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да и се обрати на публиката во недела, на 14 мај, за време на последната вечер на „Песна на Евровизија“ во Ливерпул.

Раководството на ЕБУ соопшти дека Зеленски има добри намери, но дека, за жал, неговото барање е спротивно на правилата.

„Евровизија“ е меѓународно забавно шоу и е управувано од строги правила и принципи кои се воспоставени од самиот почеток. Дел од тоа е што натпреварот по својата природа не е политички. Овој принцип забранува можност за правење политички или слично најави за време на самиот настан“, се наведува во соопштението.

ЕБУ е сојуз на 112 организации кои учествуваат во одржувањето на Евровизија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author