16.05.2023 Скопје
Денеска ќе почне дводневниот Самит на Советот на Европа, на кој ќе се изрази поддршка за Украина и ќе се испрати силна порака во одбрана на основните демократски вредности, кои се под закана во Европа и пошироко.
Ова е четврти Самит на Советот на Европа од неговото формирање пред 74 години, и ќе се одржи на Исланд.
На средбата во главниот град на Исланд ќе учествуваат германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Риши Сунак, додека пак претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе има свое видеообраќање.
Советот на Европа, со седиште во Стразбур и со 46 земји-членки, има свои главни цели за заштита на демократијата, човековите права и владеењето на правото.
Подготвено од М.Н.