11.05.2023 Скопје
Денеска треба да продолжи 54. седница на Собраниската комисија за европски прашања, на чиј дневен ред се предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д.
Комисијата доцна синоќа го усвои дневниот ред на денешната седница, и како што најави претседателот Арбр Адеми, ќе почне со расправа по првата точка – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка.
На денешната седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија.
На денешната Собраниска седница покрај овие закони, пред членовите на Комсијата е ставен и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители кој исто така треба да се донесе по скратена постапка.
Подготвено од М.Н.