08.05.2023 Скопје
Од АМСМ информират дека денеска ќе се започне со градежни активности за поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје-Тетово.
Фирмата изведувач ќе биде ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.
На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи, како што е најавено, ќе има времен режим на сообраќај согласно одобрението за измена на режимот на сообраќај издадено од страна на Министерство за транспорт и врски, за што на горенаведената локација ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од АМСМ упатија апел до сите возачи внимателно да се движат почитувајќи ја поставената сигнализација каде што ќе се одвиваат градежните работи.
Подготвено од М.Н.