https://www.flickr.com/photos/consulfrancenyc/18965108658/in/photolist-uTT953-RhfRBU-vaX3NG-2mX95RE-2kiZVkC-TxapEe-2mX95VC-2mX9ECj-2mX4emS-UJJwmL-2mX9ECQ-AhNuS1-2mXcLjF-2mX4en8-2mX9EF5-B7CNAN-vbswGx-Tenexp-W8pAcN-GR6SrV-U1ZnW5-2kVgCSq-TLq5Nd-Sxx9qy-2kVEz63-TQEeeJ-2kVG8uF-JcD49r-2mX4eqp-2kVed9K-2kVqLDN-A2oFbo-A2nwg1-A2uEdP-pXRaHV-TyLZon-MnpzWr-zn6su6-vbLhnR-A2oXNj-TLq51m-2kVp5vT-zmXUZN-AiXnm8-A2vycP-zmTTLJ-2kVgCKb-Ak1gBr-A2qT4q-AjX1h4

17.05.2023 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сака да соработува со владата на Италија во управувањето со миграциските текови.

Францускиот претседател Макрон, на маргините на Советот на Европа на курсот во Рејкјавик изјави дека не смее да се потцени фактот дека Италија, како земја на прво пристигнување, денес е подложена на многу силен притисок и не може да биде оставена сама да се избори со таа проблематика.

„Затоа мораме да изградиме заеднички решенија токму за да ги избегнеме овие пристигнувања“, истакна претседателот Макрон.

Макрон додаде дека мораат да се заложат и да ги прифатат луѓето кои доаѓаат од земјите кои се во војна, исто така дека мора да се спречи движењето на трговијата со луѓе, и поради тоа постои потреба од европска солидарност и ефективност на заедничките граници, и дека е потребна силна соработка меѓу двете земји.

Подготвено од М.Н.

About Author