pozhar ist gejt

12.05.2023 Скопје

Град Скопје соопшти дека мостот „Беласица“ кај Железничката станица во Скопје ќе биде затворен целосно за пешаци и за моторни возила се додека не се санираат штетите од пожарот кој го зафати долниот дел од мостот.

Мостот „Беласица“ ги поврзува „Веро Џамбо“ и трговскиот центар „Ист Гејт“ и се додека постои опасност од одронување на бетонски парчиња со кои е премачкан мостот.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, истакна дека пожарникарите излегле веднаш, но не смееле да гаснат, затоа што немале информации какви инсталации минуваат под мостот. Воедно, објасни дека има само една електрична инсталација со која се напојуваат светилките на мостот, а во средина на мостот минува цевка со дијаметар од еден метар низ која минува топла вода за парното во Скопје.

„Благодарение на нивната акција околу два часот пожарот беше ставен под контрола, а околу 4 часот беше целосен изгаснат“, додаде Ангелов.

Исто така, Ангелов истакна и дека температурата надминува 1.000 целзиусови и од високата температура дојдено е до пукање на заштитниот бетон со кој што е намачкан мостот долу и постои опасност од оштетување на арматурата. Воедно, додаде дека мостот е топол и утрово, а Градот Скопје донесе одлука да го затвори целосно мостот за движење.

Се додека не се утврдат точните штети на кои работи тим од Градот и неколку професори од Градежниот факултет, ЦУК нема да ризикува и мостот ќе остане затворен.

Во моментов за сообраќај во двете насоки е затворен мостот кај Нова железничка станица, од к-цата со ул. Ѓуро Ѓоновиќ и ул. Никола Карев до к-цата помеѓу ул. Беласица и бул. Гоце Делчев. Сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен изменет режим, па сега возилата се пренасочуваат по околната сообраќајна улична мрежа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author