18.05.2023 Скопје
Многу веројатно е мостот “Беласица” да биде срушен и изграден одново, бидејќи ќе биде тешко за надлежните да најдат компанија која ќе биде спремна да го реновира мостот во таква состојба и да гарантира безбедност за сообраќајот.
Огнот веројатно ја оштетил структурата на мостот, поради што тој е затворен за возила и пешаци. Ова предизвика зголемена гужва во сообраќајот од Центар до Аеродром, а скопјани треба да патуваат и до еден час подолго.
Засега и по една недела од пожарот нема официјална информација за причините, ниту пак став на Град Скопје дали ќе се одлучи за реновирање или за рушење на мостот.
Подготвено од М.Н.