18.05.2023 Скопје
Денеска молдавскиот премиер Дорин Речеан објави дека Молдавија повеќе не користи гас и струја од Русија.
„Ако на почетокот на војната во Украина 100 отсто од енергијата потрошена во Молдавија доаѓаше од Русија, денес Молдавија може да постои без природен гас или електрична енергија од Русија“, рече тој на безбедносната конференција во Букурешт.
Речеан, кој во февруари беше избран за премиер на Молдавија, ја истакна енергетската поврзаност на неговата земја со Европа.
„Молдавија повеќе не троши руски гас, таа е интегрирана во европската енергетска мрежа, и технички и комерцијално“, рече тој.
Подготвено од А.Ѓ.