juzna koreja sad sajber zastita

08.05.2023 Скопје

Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави ќе разговараат за сајбер безбедноста денес и утре во Сеул, на првата сесија лице в лице по четири години пауза поради пандемијата Ковид-19. Ова го соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана, во кое се прецизира дека средбата е дел од осмата сесија на Работната група за сајбер соработка (CCWG).

Според Сеул, двете страни ќе разговараат за нивните политики за сајбер безбедност, тековните трендови на сајбер-закани и заедничките напори за зајакнување на обуката за сајбер безбедност.

Работната група за сајбер соработка (CCWG) беше лансирана во 2014 година како можност за сојузниците да разменат предизвици за безбедноста на информациите. Нејзините наоди се дискутираат на годишните министерски разговори за одбрана во соодветните земји.

Подготвено од М.Н.

About Author