https://www.facebook.com/ArabNews/photos/basw.Aboe50bLtojy_vlNCZwJ-okI2PF4XVS4p_hPLtmpVJ_TehyU0SGzMd5zLNkVZIARd37c5c3y3tSoSIDNz6SmJcRIEwTjOcAM7T1J78fPSTV-nDtJ8V6i3lQ_dUcKh5Q6xZE/10160930463027125/?opaqueCursor=AbrPq7nxibfFD9BdrP8UtkclpEXF6vmG52pwLx1Ni1DdGEPVfJX0E4X8nzAK8a9nyOMPdtH326T2XCxQoOPB7hgMyn48IyodZmR8BeqmSpe--m0mHTOLljax-plydSgotVF3DUgex2k2WTqlVZxAk91xLYIwwdFoGG6ovbeU_MZ3_nTZCVWO0svoijVaakCPj7LQUq0ToPMQ3MleRABERAAR_N9ZP2BUbAzYjfncVBq7k4krD-1X3RDyyZpn-yiS72HIgRR04-DzjQdLXUdqtHlm9P5MC1v94zoJWDLZ7P5RLX8xrrTUMIbPLXOawaeva01t0aG4eKDYPgfM6fmNLzVwaZ4egd8aJt4nm0crE-Dt2cLdaBwOJD2pvlFO4cMsWxO-_EYCWzeuCl5d2QkvlI2TIoBm-GO58DoAek1cwDgegJ_8q42FXUVWonl_leGTlO__d1CwSaj6-45JxXRK9iJWFxdidIu_I7rpHgeJpfvIj6lt2pm7GJ6FSDLyFEs_2Rni4qcihUWY8cvq50brfxjw_e06H5uoieY_7fFYrZpLuEyqCyDbeGJqwzgbTnxgVdU5AhcB1O55rlKFw_PZRqBjv1XjQQhoFJIJ42e_2WN8QpSKRPwIjaaMAP8HuzW_1NXbcOjNruc_9UC544Ouhp6Mn1fVi2z47i3BLv9gBubi21av2S24OQsRCMOztzJrgE1DRhCFJzQoJL9CoZSvNU7KcLv8cdvif4yoPF5ks5HBoI7sgePFfg--FEfXDIFWPNTLAKLrRGUT1tDD0kJ9dvBQ7WFfBQgyiZY1rUqZedZ7bYcaTpiOgRvaJEVSmm6OIbRobnPveBSGd-tHiVzNcJvTeMqe_0pEXKmq9oDjQzAnOu4wAS_Eev5PgM9AYDK2B258nV6zpgagJCdGhqBjWgnufIeIownaxvbpRug5iOvX1N0P1MTU4_lNQqOYh3DnjnKDKrWwNpcqwIEU1nkdvBIe0YbXW61spD8iOFSn6RkFcYl7UgdGFpEkN5nM16Ipp88P8arC9TDmLX-ts3zGRo66d4eCPpRHsuzASuTJBgMdA8HIGpnMP2cFxP_j9glBrcufL-N37lWC_KTeq5nwbu1sU6iVGkjafgnPdCOH_auECinZQLO2CnoAnKcI3B7Xx8c

11.05.2023 Скопје

Финансиските лидери на Групата седум најбогати земји денеска почнуваат состаноци во Јапонија, на кои една од главните теми ќе биде плафонот на американскиот долг, како потенцијална закана за глобалната економија.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен рече дека еден од нејзините приоритети на состанокот во Ниигата, пристанишен град на брегот на Јапонското Море, ќе биде да ја нагласи важноста за решавање на ќорсокакот околу државниот долг на САД.

„Ќе ја истакнам важноста на активностите на Конгресот за решавање на лимитот на долгот со цел да се одржи економското лидерство на Америка и да се заштити глобалната економија“, објави Јелен денеска на Твитер.

Пред средбите таа додаде дека зајакнувањето на глобалниот финансиски систем е клучен приоритет на Г-7, како и континуираната поддршка за Украина во нејзината одбрана од руската агресија.

Јелен рече дека „историската“ инвестиција во модернизацијата на американската инфраструктура од страна на администрацијата на претседателот Џо Бајден е чекор кон подобрување на отпорноста на американската економија, чиешто потпирање на глобалните синџири на снабдување е сериозно тестирано за време на пандемијата „Ковид-19“.

„Преземаме широк спектар на индивидуални и колективни активности за да ја намалиме инфлацијата, да го одржиме растот и да помогнеме да се ублажи влијанието на надворешните шокови, вклучително и за земјите во развој“, рече таа.

Американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Конгресот се сретнаа во вторникот на првата директна средба организирана со цел да се избегне невиден буџетски дефицит на американската администрација, но не успеаја да постигнат договор за тоа како да се избегне буџетска криза.

Американската администрација се соочи со ризик да не може да ги исполни финансиските обврски од 1 јуни, што предизвика стравувања дека може да настане хаос во економијата, а нова средба е планирана за петок.

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки се состануваат пред самитот на Г-7 кон крајот на овој месец во Хирошима, а нивниот претходен состанок се одржа пред само еден месец во Вашингтон за време на годишниот состанок на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Земјите од Г-7 вклучуваат Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД. Други поканети на состаноците во Нигата се Европската унија, ММФ и Светската банка, како и министрите за финансии на Бразил, Коморските Острови, Индија, Индонезија, Јужна Кореја и Сингапур.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author