https://www.flickr.com/photos/136668338@N03/35135629475/in/photolist-VwPhx6-ULb69w-ahXZLE-5niokt-5nnDsE-2kYp3RJ-2kYitbD-2kYit9e-pGSEt7-2n8aX3z-2kYp3Ue-2kYit1y-2kYeXFJ-6eZPNx-6eZPQg-bZMmQC-bZMn1h-xZzgxw-bSbh6c-bSbh5g-bSbh5r-bZMmH5-8zsGuH-2m1r8kN-9pybT6-2m1pF1e-2m1kENf-2m1pF2g-2m1pF4L-2m1kEQz-2m1h2AS-2m1kEV9-2m1r8Va-2m1r8Wn-2m1kEYa-5nnE2N-8J2gfF-2m1h2E9-2m1r8Ym-2m1r93j-2m1h2Go-bSPrnT-9pybyB-bSPrkD-bSPre8-9pBduQ-8CGnTh-8ByCKA-fkJCXG-bSDj8F

23.05.2023 Скопје

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, синоќа пристигна во Москва, каде беше најавена неговата средба со рускиот претседател, а на првиот ден од таа посета се сретна со Николај Патрушев, секретарот на Советот за безбедност на Русија и еден од најблиските соработници на рускиот претседател.

Националната телевизија на Република Српска објави кратко видео од средбата на Додик и Патрушев, на која учествувале и нивни соработници.

Патрушев изјави дека е „многу благодарен“ на Додик за доаѓањето во Русија, изразувајќи задоволство од се посилните врски со Република Српска, чии власти отворено ја поддржуваат Москва во нејзината конфронтација со Западот и одбиваат да ја осудат руската инвазија на Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author