25.05.2023 Скопје
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој е во официјална посета на Бугарија, изјави дека Република Северна Македонија има одредени услови кои доколку не ги исполни, нема да може да продолжи на патот кон ЕУ.
Милановиќ истакна дека во хрватскиот Устав се вметнати Бугарите и Македонците, И затоа не гледа проблем зошто тоа да не се случи и во Република Северна Македонија, и додаде дека државата го потпиша условот и мора да го исполни.
Хрватскиот претседател исто така изјави дека сите земји, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина и Црна Гора веќе требало да бидат дел од ЕУ.
Што се однесува до Србија, хрватскиот претседател Милановиќ истакна дека ситуацијата е поделикатна поради односот на Белград со Русија, но поради низата меѓусебни несогласувања остана воздржан од подетални коментари.
Подготвено од М.Н.