23.05.2023 Скопје
Националната служба за граѓанска заштита во Мексико ја подигна вулканската закана до ниво “жолта фаза 3”, која повикува околу три милиони луѓе кои живеат во селата и градовите блиски на вулканот да бидат претпазливи и се подготват за можна евакуација.
Најголемиот активен вулкан во земјата од минатата недела почна да исфрла пепел врз неколку блиски градови, соопштија властите.
Пепелта од вулканот Попокатепетел, што се наоѓа во централниот дел на Мексико, јужно од Мексико Сите, задржа повеќе летови во Мексико Сити, а властите во повеќе општини беа принудени да ги затворат училиштата.
Во радиус од околу 100 километри околу вулканот живеат 25 милиони луѓе.
Подготвено од М.Н.