19.05.2023 Скопје
Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, изјави дека е можен договор меѓу демократите и републиканците за зголемување на плафонот на долгот.
Мекарти истакна дека преговарачите сега се „во многу подобра позиција, можам да видам како може да се постигне договор“.
Според него, Претставничкиот дом следната недела ќе се занимава со договорот за подигнување на плафонот за задолжување.
Мекарти додаде дека демократските и републиканските преговарачи сè уште ги разработуваат деталите.
Берзите скокнаа по оваа изјава, во очекување на добри вести.
Подготвено од А.Ѓ.