03.05.2023 Скопје
Рускиот тенисер Аслан Карацев се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид, откако го совлада сонародникот Данило Медведев со 7:6, 6:4.
Моментално 121. тенисер во светот победи против третиот на АТП листата по нешто повеќе од час и половина игра.
На стартот од мечот, во третиот и четвртиот гем, тенисерите си разменија брејк, па првиот сет беше решен во тај-брејк, кој му припадна на Карачев со убедливи 7:1.
Вториот сет го реши еден брејк кој го направи Карацев во петтиот гем.
Карацев ќе се бори со победникот од мечот во кој се среќаваат Американецот Тејлор Фриц и кинескиот тенисер Џанг Жижен за пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид.
Подготвено од А.Ѓ.